Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Промоција на текбол во Ѓорче Петров – нов јавен простор за младите

Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поставување на текбол маси на јавен простор наменет за спорт и рекреација, Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини, се вели во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики.

Текболот како иновативен и динамичен спорт станува се попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата.

Реклама

Поставувањето на текбол масите е реализирано во партнерство со организацијата Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија.