Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Промоција на книгата „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ од Никос Чаусидис

Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис, ќе се одржи денеска во Националниот археолошки музеј.

Монографијата ги анализира златните погребни маски и други апликации од VI–V век пр.н.е., преку кои се интерпретираат претставите за смртта и посмртната судбина на човекот во раноантичка Македонија, со особен акцент на иконографските и семиотичките аспекти.

За книгата ќе говори д-р Перо Арџанлиев, а во разговор со авторот ќе учествува д-р Игор Ефтимовски. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложба на реплики на златни маски и погребни апликации, изработени од самиот автор.

Реклама

На промоцијата, покрај претставувањето на содржината на оваа електронска монографија, ќе биде ставен во функција и линкот за нејзино бесплатно преземање од веб-страницата на ЦИП. 

Издавач на монографијата е Центарот за истражување на предисторијата, во соработка со Националниот археолошки музеј.