ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе организира книжевен настан посветен на книгата „Македонци – сведоштва за еден идентитет (1453–1944), том 2“ од авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Настанот има за цел да го истакне значењето на книгата како чувар на колективната меморија, историското наследство и националниот идентитет, преку афирмација на сведоштвата и документите кои придонесуваат за зачувување на историската вистина и културната самобитност.
Во рамки на програмата се предвидени поздравно обраќање, читање извадоци од книгата и осврти од проф. д-р Стојко Стојков, проф. д-р Михајло Миновски и проф. д-р Тодор Чепреганов. Предвидено е настанот да заврши со обраќање на авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни.

