Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Проектот на Заев за легализација на марихуаната, случајно или намерно стана параван за масовен шверц на дрога

Беше еден од главните приорите на Владата на Зоран Заев кои требаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беше еден од главните приорите на Владата на Зоран Заев кои требаше да ја револуционализира употребата на марихуаната во медицински цели, да не направи модерна и напредна држава и на крајот дури и да донесе милиони евра во економијата. Но наместо сето ова, самиот систем бил така поставен што Македонија ја претвори во нарко држава која повеќе наликувана Колумбија од 80-тите години од минатиот век, отколку од европска држава налик на Холандија.  Наместо производство на медицински канабис кој требаше да им помогне на граѓаните, посебно на тие со тешки болести, се отворија вратите за сериозни злоупотреби, од кои резултатот се запленети 40-тина тони марихуана, количина која можно е да се зголеми најмалку двојно.

Токму во периодот кога Заев ја туркаше легализацијата како економска шанса, бројот на фирми со лиценци за одгледување нагло порасна. Во 2021 и 2022 година се регистрираат најмногу компании, а државата без доволна контрола дозволуваше ширење на плантажи, често без јасен траг каде завршува произведениот канабис. Според медиумите, но и денешната владеачка парија многу од овие фирми се поврзани на едне или друг начин токму со семејството Заеви.

  • „Да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност, “ изјави Заев – Поранешен премиер 21.12.2020.

Но наместо легализација, за што се залага и здружението „Билка“, адвокатот Јанаки Митровски, вели дека во обидите за измени во законот имало сериозни индиции за фаворизирање на поединци.

Реклама
  • „Но, сите измени, два пати имаше обид, и тоа последниот пат беше на минута пред избори, пред да се распишат изборите 2020 година. Тогашното владејачко мнозинство на СДСМ се обиде да протурка измени скандалозни – милион евра за лиценца, небаре е казино, секакви услови кои по мое мислење требаше да го отежнат бизнисот, да ја исчистат конкуренцијата и една фамилија, се знае на која алудирам, да може да се занимава со тој бизнис“ – рече Јанаки Митровски во емисијата „Под лупа“ – адвокат.

По серија претреси, заплени и сомнежи за шверц на марихуана во регионот, прашањето повторно се отвори – дали проектот најавуван како револуционерен, кој требаше да донесе приходи, работни места и медицинска корист, всушност ја стави Македонија мапата на балканскиот нарко-пазар.