Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Продолжува уништувањето и узурпацијата на струшкото крајбрежје

Додека домашните и меѓународни експерти работат на Физибилити студијата за урбанизирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека домашните и меѓународни експерти работат на Физибилити студијата за урбанизирање на подрачја и објекти од државно значење во заштитената зона на Охридското езеро, во Струга непрекинато се уништува и узурпира крајбрежјето. За ваквата девастација на државно земјиште,граѓанските активисти доставија претставка до Државен инспекторат за животна средина и до соодветните општински инспекциски служби, веднаш да постапат и да се спречи понатамошното уништување на крајбрежјето, а против оние кои го сториле тоа, да има санкции.

 За жал спрегата помеѓу инвеститорите и локалните власти секогаш проаѓа под радарот на институциите преќутно или договорно, не знаме тоа е предмет на корупција која што ќе треба допрва да се истражува и практично имаме информација дека во моментов во Струга се изведуваат одредени градежни зафати на самиот брег вели Кирил Ристовски од Центарот за еколошка демократија Флорозон

Струга е класичен пример за непочитување на правната држава, општината во моментов е управувана од урбана мафија која што секојдневно врши злоупотреба на законите за градење,за просторно и урбанистичко планирање и оној за постапување со бесправно изградени објекти – жестоко реагираат струшките граѓански активисти.

Реклама

Зачудува и незаинтересираноста или неможноста на државниот инспекторат ниту пак на инспекторите кои што би требало да дејствуваат по службена должност на локално ниво ,изoстанува нивниот ефект, бидејќи или се немоќни или пак воопшто немаат ниту увид во она што се работи, ниту имаат желба да реагираат на терен”-вели Никола Кукунеш,граѓански активист  

Иако Општина Струга по неодамнешната средба со експертите сподели информација дека најодговорно и најпрофесионално ги извршувала сите обврски и задолженија кои произлегуваат од мониторинг мисијата на УНЕСКО ,дали е ова највисоко ниво на заштита-прашуваат екологистите.Под притисок на невладините се вршат измени на законот за урбано зеленило со цел да се ограничи неконтролираната урбанизација. Тоа подразбира воведување на зелен катастар во рамки на секоја општина која што практично ќе биде инструмент за заштита на урбаното зеленило. Идните политички состави велат,да ги принудиме како граѓански организации и како јавност, заштитата на животната средина да биде приоритетна тема во нивните политички агенди ако сакаме да го сочуваме од целосно уништување Охридското езеро и крајбрежјето.

Росица Голабоска