Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во своето сведочење опиша како се одвивала комуникацијата меѓу вработените, кој бил одговорен за распоредот на луѓето, како и какви насоки давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и предавања за законските обврски на обезбедувачите.

Претходно сведочеше инспектор на ДЗС од поддрачно одделение во Виница, кој кажа дека по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување утврдила сериозни пропусти – недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант, и заклучена помошна врата. Инспекторот сведочеше дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување, а за надзор во друга општина е потребен писмен налог од раководството.

Реклама

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.