Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Продолжува санацијата на Краста, Димитриевски побара координирана акција од институциите за отворање пристап до депонијата

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешната седница донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешната седница донесе заклучоци за справување со состојбата на депонијата „Краста“, која и денеска е блокирана од жителите на село Пчиња.

Штабот побара од институциите координирано да преземат законски мерки за деблокирање на пристапот и продолжување на редовното депонирање на комуналниот отпад. Меѓу донесените заклучоци е МВР, СВР Куманово да обезбеди координација и отворање коридор на депонијата „Краста“ за непречено депонирање на отпадот.

Центарот за јавно здравје Куманово треба да ја процени актуелната состојба и да достави препораки за спречување можни здравствени последици од нередовното собирање и депонирање на сметот. ЈП „Чистота и Зеленило“ треба континуирано да го третира депонираниот смет со земја и секојдневно да обезбедува градежен материјал за покривање на отпадот. Предвидено е и поставување дополнителни камери за видео и термовизиски надзор, зајакнување на физичкото обезбедување и санирање на постојната, односно поставување нова заштитна ограда на необезбедените делови од депонијата.

Реклама

Во соработка со локалното население, претпријатието треба да формира еко-патрола со претставници на месните заедници и невладините организации од селата Пчиња, Студена Бара, Вак’в и Винце, која неделно ќе ја следи состојбата на депонијата. Заклучоците предвидуваат и дезинфекција на сите локации за собирање смет според препораките на Центарот за јавно здравје, како и контрола на сливните решетки и шахтите за атмосферска вода од страна на ЈП „Водовод“ Куманово, со нивно чистење, санирање или заменување доколку е потребно.

Градоначалникот Димитриевски по седницата на штабот, изјави дека општината продолжува со интензивни активности за санација на „Краста“, при што се вклучени и општествено одговорни компании со градежна механизација и транспортни возила.

– Сакам да им се заблагодарам на сите општествено одговорни компании од Куманово и пошироко што се вклучија на барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Се надевам дека по оваа интервенција депонијата ќе добие сосема нов лик, изјави Димитриевски.

Тој информираше дека градоначалниците Митко Јанчев и Орце Ѓорѓиевски се отповикале на неговиот повик и на повикот на премиерот, Христијан Мицкоски за испраќање возила што ќе помогнат во транспортот на комуналниот отпад од Куманово до депонијата „Дрисла“, поради блокираниот пристап до „Краста“. Димитриевски ги повика жителите што го блокираат пристапот да ги прекинат блокадите и да му овозможат на ЈП „Чистота и зеленило“ да продолжи со одлагање на отпадот на локацијата предвидена за таа намена.

– Во рамки на моите надлежности како градоначалник ќе ги преземам сите дејствија за имплементација на проектот што предвидува конечно затворање на депонијата и нејзина трансформација во трансфер-станица, рече Димитриевски.

Како што кажа, Општина Куманово ги исполнила обврските кон проектот и Министерството за животна средина, а се очекува со поддршка на Владата и со средства од Европската Унија да се реши проблемот со отпадот во Куманово и во вкупно 15 општини од североисточниот и источниот плански регион.

Во меѓувреме, жителите на Пчиња продолжуваат со блокадата и остануваат на своите барања за целосна санација на депонијата.

– Очекуваме разговори со претставници од општината, изјави претседателот на МЗ Пчиња, Александар Илиевски.

Блокадата продолжува, но жителите констатираат дека досега немало толку многу механизација на самата депонија.

Од вчера сметот од Куманово се одлага на Дрисла.