Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Андоновски за 11 Октомври: Слободата е аманет што секоја генерација има одговорност да го чува и надградува

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, по повод 11 Октомври – Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека слободата што ја има Македонија денес е аманет што секоја генерација има обврска да го чува и надградува.

-По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, како дел од владината делегација, заедно со колегите Владо Мисајловски и Ѓоко Велковски, положивме цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. На покана на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествував и на свеченоста во чест на празникот. Слободата што ја имаме денес е аманет што секоја генерација има одговорност да го чува – вели Адоновски во објавата на социјалните мрежи по повод празникот.  

Тој посочува дека со длабока почит им оддаваат почест на борците кои пред 85 години се спротивставиле на окупацијата и ги жртвувале своите животи за слободна Македонија.

Реклама

-Нивната борба ги постави темелите на македонската државност и ни остави обврска да ја чуваме и градиме нашата Македонија во успешна и просперитетна држава – напиша министерот  за дигитална трансформација. 

Како што посочува Андоновски, денешната генерација таа одговорност ја исполнува „со чесна работа, со посилни институции и со создавање можности младите да ја градат својата иднина во Македонија“.

-Почитта кон минатото добива вистинска смисла кога работиме за подобра иднина. Честит 11 Октомври! Да ни е вечна Македонија! – се вели во објавата на министерот Андоновски.