Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Продолжува реконструкцијата на спортската сала во Куманово

Повеќе од половина од проектот за поставување систем за греење и ладење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од половина од проектот за поставување систем за греење и ладење во реконструираната спортска сала во Куманово е реализиран, информираше градоначалникот Максим Димитриевски. 

Тој посочи дека во тек е постапката за доуредување на објектот и негово целосно ставање во функција, при што видеонадзорот во салата е веќе целосно поставен, а работите за греењето и ладењето се одвиваат согласно проектот финансиран преку средствата од унгарскиот кредит.

-Во моментов видеонадзорот во салата е изведен комплетно, а што се однесува до фазата за греење и ладење, постапката е во тек и некаде е завршено повеќе од 50 проценти. Денеска на седница правиме дополнување на одредени буџетски средства за да се опфати и партерното уредување- изјави Димитриевски.

Реклама

Според него, станува збор за обемен проект кој не може да биде завршен во една година, но целта на локалната власт и Советот е спортската сала целосно да биде ставена во функција.

-Ваквите спортски објекти се многу скапи за одржување во делот на елементарните трошоци што ги генерираат. За пример, за овој спортски настан Општината не наплаќа надомест од спортската федерација, туку салата е дадена целосно на располагање без материјален надомест. Тоа значи дека најголем дел од трошоците повторно паѓаат на буџетот на Општина Куманово и на граѓаните- додаде градоначалникот.

Реконструкција на салата се одвива постепено и досега општината вложи околу два милиони евра низ годините наназад. Претходно, реконструкција опфати замена на кровниот покривач со изолација, изработени се нови епоксидни подови, обновени се сите санитарни јазли, реконструирани се фекалната и атмосферската канализација. Спортскиот терен доби современ покривач, целосно е реконструирана боксерската сала и изградена е стрелана за спортска стрелба. Салата располага и со нови соблекувални, теретана и современ систем на осветлување, нов семафор, трибини. Салата сега функционира согласно стандардите на ФИБА има капацитет од околу 3.200 до 3.300 седишта.