Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Продолжува изградбата на фекална канализација во каменичкото село Тодоровци

Во каменичкото село Тодоровци продолжува изградбата на фекална канализација. Проектот како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во каменичкото село Тодоровци продолжува изградбата на фекална канализација. Проектот како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, која изврши увид во работите, е со вкупна вредност од 4 милиони денари.

-Реализацијата на оваа активност е  во деловите Ѓурѓина Ливада (430 м) и Ѓачко маало (664 м). Овој проект, со вкупна вредност од околу 4 милиони денари, претставува значаен чекор кон модернизирање на комуналната инфраструктура и обезбедување почисто и поздраво опкружување за жителите – истакна Стаменкова.

Со новата канализација, како што додаде, се овозможува подобра хигиена и функционални комунални услуги за сите граѓани и е дел од долгорочната политика на локалната самоуправа за инвестирање во развојот на заедниците.

Реклама

-Со овој проект продолжуваме да вложуваме во современа и функционална инфраструктура за нашите граѓани, обезбедувајќи услови за подобар живот и почиста околина – подвлече Стаменкова.

Изградбата на канализацијата се очекува да заврши во наредните месеци, со што селото ќе добие современ систем којшто ќе го подобри секојдневниот живот на жителите.