Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Продолжува изградбата на булеварски влез во Битола

Секретарот на Општина Битола Борче Димитровски заедно со одговорните лица од општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секретарот на Општина Битола Борче Димитровски заедно со одговорните лица од општината и претставник на изведувачот изврши увид на состојбата и текот на градежните активности на булеварскиот влез во Битола.

Првата фаза од булеварот во должина од 840 метри е завршена и во тек е хортикултурно уредување-  изјави Димитровски по извршениот увид.

-Како што најави градоначалникот еден од проектите кои се реализира и за кој имаше храброст да го започне оваа локална самоуправа е булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп. Изведена е првата фаза во должина од 840 метри. Она што ќе следува е хортикултурно уредување на овој дел од влезот. Во меѓувреме за да може да започне уредувањето од страна на општината побарано е од изведувачот да изврши корекција и да достави динамика за изведба на 11 позиции меѓу кои поврзување на трајна водоводна линија, довод на водоводна линија за наводнување на зелените површини, отстранување на земја, корекција на велосипедските премини, корекција на жардиниерите, ограда на потпорен ѕид, корекција на асфалтот околу уличните сливници. Исто така, од надзорот е побарано да изврши проверка на четири други позиции со цел кога ќе бидат реализирани активностите на терен да имаме комплетно и квалитетно реализирани активности согласно договорот. Завршувањето на овие активности е значајно и за отпочнување на хортикултурно уредување на овој простор. Корекциите кои се изведуваат по насока на стручните служби од Општината се во целост на товар и на сопствен трошок на изведувачот – посочи Димитровски.

Реклама

Од Општина Битола информираа дека во рок од три недели треба да бидат комплетирани сите градежни активности на оваа улица со што ќе се изврши повторен увид и ќе се утврди дали забелешките се отстранети.