Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Продолжен повикот за избор на „Сувенир на општина Куманово“ – наградата 150.000 денари

Општина Куманово го продолжи јавниот повик за избор на „Сувенир на општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово го продолжи јавниот повик за избор на „Сувенир на општина Куманово“ за дополнителни 15 дена. Од Секторот за локален економски развој информираа денеска дека на повикот можат да се пријават заинтересирани правни и физички лица со свои идеи и изработки. Понудените изработки треба да исполнуваат повеќе одлики и со автентичните трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција. Како што наведуваат од Секторот за економски развој, општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови.

Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде адаптиран за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот, да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали, керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други. Самата идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени. Како што наведуваат од надлежниот сектор, наградата „Сувенир на општина Куманово“ е една и изнесува 150.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

-Првиот дел во износ од 30.000 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 120.000 денари- наведуваат од општината.

Реклама

Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари со вклучен данок на додадена вредност, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб.

За „Сувенир на општина Куманово“, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 15 дена од завршувањето на постапката.