Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Македонија

Сиљаноски: Голем економски исчекор за Дебрца, инвестиција од 6 милиони евра за фабрика за еластични огради и нови работни места

Почитувани претставници на медиумите, Драги мои сограѓани, почитувани дебрчани. Пред скоро една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани претставници на медиумите,

Драги мои сограѓани, почитувани дебрчани.

Пред скоро една година застанав пред вас и го побарав најскапоценото нешто што еден човек може да го даде – вашата доверба. Не ви понудив политички бајки, не ви ветував чуда преку ноќ, туку ви понудив еден едноставен, човечки договор: чесна работа, постојано присуство на терен и отчетност за секој потрошен денар. Денес, стојам пред вас не за да се правдам, туку за да ви погледнам во очи со конкретни, видливи дела. Во изминатиот период, реализиравме или донесовме во напредна фаза на градба повеќе од 51 процент од нашата четиригодишна изборна програма. Ова е доказ дека кога домаќински се управува со општинската каса, парите се враќаат таму каде што припаѓаат – кај вас, граѓаните.

Реклама

Пред да зборувам за она што го изградивме, сакам да ја споделам најважната вест за нашата локална економија. Почитувани, за првпат во Дебрца, во село Мешеишта, во фаза на изградба е нова капитална инвестиција вредна 6 милиони евра. Се отвора фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места. Со ова докажуваме дека Дебрца станува сигурен партнер за сериозни инвеститори!

Инфраструктурата ја ставивме како апсолутен приоритет. Направивме вистинска градежна офанзива во секое населено место. Во Оровник во почетна фаза на реконструкција е главната улица од влезот до сретселото и црквата „Св. Илија“ во должина од 550 метри, со ново улично осветлување и тротоари, инвестиција со вкупна вредност од 11,5 милиони денари.

Дополнително, во подготвителна фаза на  асфалтирање е улицата кај крстот во должина од 250 метри, со поставување нов водоводен цевковод со должина од 350 метри. Подготвивме техничка документација за изградба на нова спортска сала во Основното училиште во Оровник. Во Горенци во фаза на асфалтирање e улица со должина од 220 метри и извршивме целосна реконструкција на заштитната ограда на игралиштето кај училиштето, каде набавивме и нови грејни тела.

Кога сме кај Волино, таму завршивме со целосната реконструкција на Домот на културата на сретсело – капитална инвестиција од 6,5 милиони денари. Истовремено, го асфалтиравме патот до црквата „Св. Петка“ во должина од околу 700 метри и поставивме ново улично осветлување, тротоари и пешачки патеки со вкупна вредност од 5,7 милиони денари.

Во Мешеишта ги асфалтиравме улицата „Романка“ и уште две други клучни улици, со вкупна должина од 650 метри и со вкупна вредност од околу 3 милиони денари, тампониравме пат од 300 метри, а во моментов партерно го уредуваме сретселото и го реконструираме споменикот – инвестиција од 2,7 милиони денари. Во фаза на реализација е изградба на нов крак од канализацијата вреден 1,1 милиони денари, откако претходно веќе го решивме горливиот проблем со фекалната мрежа под мостот. Воедно, започната е и реконструкцијата на локалниот пат Мешеишта – Волино, со вредност од 15,5 милиони денари.

Во Злести, асфалтиравме улица од сретсело кон излезот за Лешани во должина од 400 метри со вредност од 1,6 милиони денари. Истовремено, исплатени се средства во висина од 6,5 милиони денари за патниот правец до манастирот „Св. Богородица“. Кога станува збор за Ботун, исплатени се 8,5 милиони денари за изградба на патниот правец до манастирот „Св. Богородица“. Во Лешани го пробивме и го асфалтиравме патот до манастирот „Сите Светии“ во должина од 350 метри со вредност од 1,3 милиони денари, а со сопствена механизација пробивме и 600 метри нов пат до црквата „Св. Атанасиј“. 

Со цел трајно да го решиме водоснабдувањето во Лешани, направивме анализи за изградба на нова пумпна станица во близина на селото Лешани. Со ова ќе обезбедиме дополнителни количини вода во критичните периоди, кои ќе бидат на располагање за мештаните во следниот период. Објектот на старото основно училиште е целосно реконструиран со инвестиција од 2,3 милиони денари. Во следниот период, објектот преку јавен оглас ќе биде понуден под закуп за намена на маркет/колонијален објект. Во почетна фаза на изградба за нашите земјоделци се бетонски канали за наводнување во вкупна должина од 550м.

Во Издеглавје, финансиран од Министерството за транспорт, поставен е асфалт од главниот пат до манастирот „Св. Димитрија“ во должина од 1 километар во вредност од 8 милиони денари, а целосно се закрпени сите ударни дупки на потегот од Издеглавје до Слатино. Асфалт добија и Слатински Чифлик на сретселото кај црквата „Св.Богородица“, Врбјани го асфалтиравме сретселото од 500 квадратни метри, Долно Средорече асфалтиравме улица во должина од 630 метри за што издвоивме близу 4 милиони денари, како и Годивје каде се асфалтираа улиците кон Горна Река и црквата „Св. Ѓорѓија“. Во Лактиње асфалтирана е улица во должина од 100м. 

Во Брежани го уредивме дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ со бекатон плочки во вредност од 420.000 денари, а во Велмеј ги уредивме изворите Горно Поле, заедно со уредување на банкините на регионалниот пат Ботун-Велмеј. Долгогодишниот проблем со патниот правец Требеништа – Мислешево е исто така решен преку Општина Струга, која изврши доасфалтирање на делот на патот кој припаѓа на нејзина територија.

Но, нашата работа не застанува на улиците. Во фаза на изградба е нова каптажа за зафаќање дополнители количини на вода во месноста Опчели – Караорман, со кој трајно обезбедуваме квалитетна вода за пиење за шест наши села. По три децении празни ветувања, градиме гаража и противпожарна станица во Белчишта за доброволното друштво „Ентузијаст“, инвестиција од 2,4 милиони денари, каде го уредивме и дворот пред здравствениот дом. А во Песочан во фаза на изградба е бетонски канал за наводнување во вкупна должина од 200м, а во Песочан изградивме сосема нов базен за празнувањето на празникот Водици.

Макотрпно ги одржуваме сите патишта. Само на патниот правец Ботун-Брежани исчистивме 17 километри крупна вегетација, канали и пропусти. Расчистена е вегетацијата и на правците Белчишта-Ново Село, Годивје-Врбјани-Лактиње и Требеништа. Ги реконструираме и чистиме сите полски патишта за нашите земјоделци, на кои патем им исплативме над 8,2 милиони денари за претрпени штети од непогоди. Го чуваме нашето славно минато – ги саниравме пристапните патишта до клучните споменици: 12 километри пат до споменикот на Славеј Планина, 6 километри пат од Лешани до споменикот во Српница, и 7 километри до манастирот „Св. Илија“ на Илинска Планина. Ги уредивме спомениците од НОБ во Белчишта и Ботун, и откривме биста за бранителот Игор Костески во Слатино. Во Требеништа веќе сме во почетна фаза на проектот „Златна маска“.

Свесен сум дека хигиената е огледало на нашата општина. Затоа, ЈКП „Дебрца“ го трансформиравме целосно. Преку донација од град Виена добивме камион за смет марка MAN вреден 30.000 евра. Набавивме сосема ново комунално возило, како и возило Volkswagen Transporter. Купивме нов трактор со нож за снег, мулчер и пила за гранки за над 2,6 милиони денари, како и специјална машина за чистење канализации од 1,2 милиони денари.

 Во соработка со Министерството за животна средина набавивме 480 нови канти за отпад, а обезбедивме нови униформи за вработените, и ги презедовме обврските од 5,5 милиони денари за потрошена струја од пумпните станици. Лансиравме нова веб-страна со опција за онлајн плаќање. Ги исчистивме долгогодишните диви депонии во Грко Поле и Сини Вирој, а на плажата „Дебрца“ спроведовме историска еко-акција со 12 кубици собран отпад и прво подводно чистење на езерото.

Но, драги мои, силна општина не се гради само со механизација. Општината е секое семејство. Затоа воведовме историски социјален пакет каков што Дебрца не видела. Инвестираме директно во младите – секој жител до 21 година добива 20.000 денари субвенција за полагање возачки испит. За да ја заживееме економијата, секоја локална продавница ја поддржуваме со 10.000 денари субвенција секој месец. 

Силно го поддржуваме наталитетот – доделуваме 100.000 денари за трето дете, по 6.000 денари за прво, второ дете и секое новороденче, и по 30.000 денари поддршка за младите брачни парови. Обезбедивме помош до 30.000 денари за семејства погодени од елементарни непогоди, парична помош за лекување и социјални пакети. А за мобилноста да не биде луксуз, пред две недели го воведовме ветувањето за бесплатен јавен превоз за сите граѓани секоја недела на релација од секое населено место во Дебрца до соседна општина Охрид, недела е бесплатен превоз за жителите во општина Дебрца.

Во образованието направивме чекор кој значи вистинска еднаквост. За првпат во историјата на општината, обезбедивме бесплатни училишни униформи за сите 178 ученици – со по 4 маици, 2 блузони и 2 дуксери. Секое прваче доби 10.000 денари поддршка и целосно опремен ранец. Општината го покрива бесплатниот превоз, а сега обезбедивме и стипендии, награди за најуспешните ученици, бесплатни екскурзии и превоз за натпревари. Силно ги поддржуваме спортските клубови, културно-уметничките друштва, и одвоивме значително поголема финансиска поддршка за сите турнири во мал фудбал.

Сето ова се прави транспарентно и отчетно. Тоа го потврди и Центарот за економски анализи, според кој Дебрца направи скок од 25 проценти и влезе во Топ 5 општините со најголем напредок во даночната транспарентност во цела држава.

Почитувани сограѓани. Времето на празни зборови заврши. Овој отчет е доказ дека со чесна работа, Дебрца оди напред. Зборот е збор, а вратите на мојот кабинет остануваат ширум отворени за секој од вас, секоја сабота. Ви благодарам за поддршката која ми дава сила. Имаме уште многу работа пред нас. Машините остануваат на терен. Продолжуваме посветено, чесно и храбро. Заедно градиме модерна, силна и горда Дебрца!