Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

ВРЕДИ: Скопје и Приштина сè поблиску, се подготвува директна железничка линија

Од Скопје до Приштина со воз за околу 50 минути. Железничките претпријатија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Скопје до Приштина со воз за околу 50 минути. Железничките претпријатија на Северна Македонија и Косово работат на воспоставување директна линија меѓу двата главни града, со цел таа да биде пуштена во сообраќај следната година, стои во соопштението на ВРЕДИ.

За граѓаните што патуваат меѓу двете земји, ова би значело побрзо патување и уште една нова можност за транспорт, без разлика дали одат на работа, на студии или кај своите блиски.

Паралелно, поврзувањето со Косово се унапредува и со изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Со неговото завршување ќе се поврзат автопатите од двете страни на границата, што ќе го олесни патувањето кон Приштина и транспортот на стоки.

Реклама

За ВЛЕН, двата проекта се меѓу приоритетите за инфраструктурно поврзување. Нашите граѓани и компании со години чекаат сообраќајни врски што ќе им ги олеснат секојдневните патувања и деловната соработка.

Затоа, како дел од Владата, се залагаме овие проекти да се реализираат што поскоро. Тие ќе им овозможат на граѓаните полесно и побрзо патување, а на компаниите поефикасен транспорт на стоки. Со автопатот Скопје–Блаце и директната железничка линија, Скопје и Приштина ќе бидат поблиску и во секојдневниот живот.