Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД – Нов силен исчекор за македонската економија

Македонија продолжува да го трасира патот кон продлабочено стратешко партнерство со САД.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија продолжува да го трасира патот кон продлабочено стратешко партнерство со САД. Белата куќа објави заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија со што се отвора широка врата за развој на трговијата помеѓу двете држави.

Она што за нас е од исклучително значење е што се отвора пат за извоз на македонските производи со обезбедени тарифи, не повисоки од 15%, а дополнително и до 0% за 64 домашни производи. По договорот со Обединетото Кралство и затворениот пост-мониторинг дијалог со Советот на Европа, ова е уште еден успех за државата кој отвора огромни можности за инвестиции и економски раст. Премиерот Христијан Мицкоски нагласува дека ова е јасен сигнал и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива кај Соединетите Американски Држави.  

„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција“, објави премиерот на Македонија, Мицкоски.

Реклама

Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, го оцени договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со САД, со директен бенефит за македонските компании.

„Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната тарифа од 15 % за производите по потекло од нашата држава, а паралелно – и тоа е суштината на успехот – ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до 0 % реципрочна тарифа. Со други зборови, за некои од клучните индустрии и производи тарифите ќе се намалат до нула“, нагласи министерот за надворешни работи и трговија, Муцунски.

И за Американците договорот претставува рамка за реципрочна, фер и балансирана трговија која треба да придонесе во унапредување на билатералните економски односи. Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, смета дека ваквата рамка претставува темел за договор за реципрочна трговија, со цел унапредување на економското партнерство и отстранување на административните пречки за американските земјоделци и производители.

„Трговската агенда на претседателот Доналд Трамп ги продлабочува нашите трансатлантски врски со клучен партнер во балканскиот регион. Му благодарам на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на трговските односи и создавање нови можности за американските работници и бизниси“, изјави Џејмисон Грир – трговски претставник на САД.

Рамката предвидува проширување на пазарниот пристап за извозниците од двете земји, јакнење на економската соработка и отворање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст. Соработката опфаќа повеќе области, меѓу кои енергетиката, дигиталната економија, заштитата на интелектуалната сопственост и унапредувањето на еколошките и трудовите стандарди.