Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Пробиштип им оддава почит на жртвите во пожарот во кочански „Пулс“

Пробиштип денеска им оддава почит на 63-те жртви во пожарот во кочански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пробиштип денеска им оддава почит на 63-те жртви во пожарот во кочански „Пулс“. Во пожарот згаснаа животите на четири граѓани на Пробиштип. Општина Пробиштип и градоначалникот Тони Тоневски утринава на социјалните мрежи напишаа: „Понекогаш времето не ги лекува раните, туку само нè учи како да живееме со празнината“. 

– Овој 16 март носи тежина, која не се опишува со зборови. Помина една година од трагедијата, која го згасна светлото во многу домови и остави длабока лузна во срцето на нашиот Пробиштип. Денес, на градскиот плоштад, со свеќа во рака, со наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади сограѓани – нашите ангели, кои прерано заминаа во вечноста. Тие беа нашата гордост, нашите насмевки и нашата иднина. Иако физички не се меѓу нас, нивните ликови остануваат врежани во секоја улица, во секое училишно ѕвонче и во секое наше сеќавање – вели Тоневски.

Пробиштип денеска се сеќава на прерано згаснатите животи на четворица свои сограѓани. 

Реклама

– Денес, се сеќаваме на нашите прерано згаснатите животи: Никола Насевски (2007 – 2025) – село Добрево, чиј пат беше прекинат кога неговите соништа само што почнуваа да цветаат, Матеј Марковски (2007 – 2025) – младост што згасна прерано оставајќи зад себе тишина што боли, Тоше Тодоровски (1988 – 2025) – нашиот храбар полицаец од ПС Пробиштип, кој ја извршуваше својата должност до последен здив оставајќи пример за чест и пожртвуваност и Александар Глигоровски (1996 – 2025), кој со денови храбро се бореше, но на 7 април им се придружи на другите ангели – стои во објавата од Општината и на градоначалникот Тоневски. 

Во неа се вели дека Општина Пробиштип искрено сочувствува со семејствата.

– Вашата болка е и наша. Вашата загуба е ненадоместлива за целиот град. Нека оваа годишнина биде потсетник дека животот е кревок, но дека љубовта и споменот на оние што сме ги сакале никогаш не умираат. Вечна им слава. Почивајте во мир, момци. Пробиштип никогаш нема да ве заборави – напишаа од Општина Пробиштип.