Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Привршува дистрибуцијата на учебници во прилепските училишта, директорите задоволни од новиот модел на достава

        Дистрибуцијата на учебниците и другите наставни помагала за престојната учебна година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Дистрибуцијата на учебниците и другите наставни помагала за престојната учебна година, во прилепските основни и средни училишта привршува. Училишните директори кои од страна на ресорното Министерство беа обврзани во изминативе десетина дена да го изменаџираат навремениот прием на учебниците, велат дека се задоволни од новиот модел на достава, бидејќи овозможува непречен и порелаксиран старт на учебната 2024/2025 година.

 „За разлика од лани, дистрибуцијата на учебници си е во најдобар ред и се надеваме дека до први септември ќе стигнат сите. Постапно доаѓаат секој ден и можам да ви кажам по одделнија како се дистрибуирани. Значи, за прво, второ и трето одделние се стигнати сите учебници, за петто фалат уште „историја“ и „општество“, за шесто, исто „историја“ и “општество“, седмо – „географија“, „математика“, „информатика“. Значи, нема учебници исклучиво по странски јазици“ – ни изјави Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“, Прилеп.

 „СОУ „Орде Чопела“ е подготвено да ја започне оваа учебна година 2024/2025. Оние учебници кои што ги имавме порачано се пристигнати во начето училиште, очекуваме уште одреден дел на учебници, но ние како училиште можеме да ја зпочнеме учебната година на 2-ри септември целосно подготвени“, – ни рече Тереза Трајкоска, директор на СОУ „Орде Чопела“, Прилеп.

Реклама

  Освен навременото обезбедување на учебниците, годинава радува и фактот што во некои од училиштата, а помеѓу нив и во овие две, се забележува извесно зголемување на бројот на учениците, што не беше случај во изминативе неколку години кога имаше обратен тренд и кој напати добиваше дури и загрижувачки размери, најмногу заради иселувањето.

  „За среќа, оваа година нашиот број на првачиња во нашето училиште се зголеми. Лани некаде капацитетот на примање на првачиња беше околу 80, а оваа година имаме малку зголемен број, некаде околу 120 запишани и се надевам дека така ќе остане и во натамошните години. Зголемен ни е бројот за околу 50 ученици на ниво на цело училиште“, – вели Јаков.

 „Оваа година започнуваме со 550 ученици од прва до четврта година, а во прва година, започнуваат да учат 155 ученици, значи бројката е поголема од преходната учебна година кога имавме 136 запишани во прва година“, – посочува Трајкоска.

  Инаку, дистрибуцијата на учебниците за оваа учебна година на ниво на држава започна минатата недела како обид на новата власт да стави ред и во овој исклучително важен ресор, а кој во последниве години беше проследен со низа скандалозни проблеми, особено со хроничниот недостиг на учебници.

Каролина Дурло