Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Привремен сообраќаен режим од петок до понеделник на автопатот Солун – Евзони

Поради изведување градежни работи, дел од автопатот од Солун кон граничниот премин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради изведување градежни работи, дел од автопатот од Солун кон граничниот премин Евзони/ Богородица кон нашата земја, од утре наутро до понеделник напладне целосно ќе биде затворен и во двата правци, а сообраќајот ќе се одвива по стариот автопат.

Од регионална полициска управа од северна Грција информираа дека „од петок (20 ноември 2026 година) во 8.00 часот до понеделник (23 ноември 2026 година) во 12.00 часот, ќе биде целосно затворен за сообраќај дел од автопатот Солун – Евзони, од клучката Поликастро до клучката Агиос Атанасиос, во двете насоки на движење (кон Солун и кон Евзони)“.

– Сообраќајот на возилата ќе се пренасочува и ќе се одвива по стариот автопат Солун – Евзони, информираа од надлежната полициска управа.

Реклама

Согласно соодветната одлука на полицијата, привремениот сообраќаен режим е поради уривање на надвозник во рамките на градежните работи на надвозниците на вертикалната оска на автопатот Егнатиа Одос.

Во правец од Евзони, кај Поликастро кон Солун возилата ќе се движат по стариот пат Солун – Евзони, а потоа преку патот Солун – Едеса, додека пак во спротивната насока од Солун кон Евзон возилата ќе се пренасочуваат преку патот Солун – Едеса и стариот автопат Солун – Евзони, преку селата Гефира, Прохома и Кастанас, од каде што ќе продолжуваат кон Поликастро.