Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Приведено лицето кое го симна знамето на МПЦ од манастирот на Попова Шапка и го замени со албанско

Приведено е лицето кое вчера го симна црковното знаме од манастирскиот комплекс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приведено е лицето кое вчера го симна црковното знаме од манастирскиот комплекс на Попова Шапка и го замени со албанско, потврди МВР.

„Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштнието на МВР.

Претходно, претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово, а настанот беше евидентиран преку камери за видео надзор.

Реклама

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, според него, вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на МПЦ- Охридска Архиепископија. Тој обвини дека овој чин има за цел предизвикување омраза и раздор и побара сторителите да бидат најстрого санкционирани.

Провокацијата следи откако лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Касами, побара да се отстрани 15 метарскиот крст од манастирскиот комплекс, на што пак остро реагираа македонските партии и Комисијата за односи со верските заедници бидејќи крстот е на црковен имот.