Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек

Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол се приведени, а приведен е и возач од Кочани кој возел во спротивна насока на кружен тек. 

Во Велес во 04:55 часот приведен е З.Ј.(29) кој на улицата „Димитар Влахов“ со возило „сеат“ удрил во метална канделабра. Тој имал 1,66 промили алкохол во крвта.

Во Тетово во 00:54 часот приведен е 19-годишниот А.З. од селото Порој, кој на улицата „Иво Рибар Лола“ со патничко возило „фолксваген голф“ удрил во рабник, а при преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта. Подоцна, во Клиничката болница Тетово, тој физички нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

Реклама

Во 01:50 часот во Кочани, приведен е Д.Ѓ.(69) затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“ во Кочани.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.