Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Приведен жител на неготинско Курија, одземено возилото поради прекршоци

Полицијата привела жител на неготинското село Курија и му го одзеле возилото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата привела жител на неготинското село Курија и му го одзеле возилото поради неколку прекршоци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера на улица „Партизанска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Н., на возраст од 65 години од село Курија, неготинско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, што го управувал Л.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. Исто така, по извршена контрола, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило и дека сообраќајната дозвола била со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа, возилото му било одземено, појаснија оттаму.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. Од СВР – Велес најавуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.