Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Приведен скопјанец, оружје и муниција пронајдени при претрес во неговиот дом

При извршен претрес во дом на скопјанец, со судска наредба, биле пронајдени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При извршен претрес во дом на скопјанец, со судска наредба, биле пронајдени и одземени: 165 куршуми, 56 ловни патрони, една кутија со каписли, осум кеси олово во зрно различна големина, две кеси и две шишенца со барут, 32 патрони, разновиден алат за полнење на муниција, една кутија со 12 кугли за патрони, една кеса со бела грутчеста материја и една кеса со прашкаста материја. На подрачјето на Кисела Вода, синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје го лишија од слобода Д.Л., 39-годишен скопјанец, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Покрај тоа, Д.Л. од својата викенд-куќа во село Морани, скопско, доброволно предал два ловни карабини, 58 ловни патрони, шест куршуми долго зрно и 50 куршуми кратко зрно. По целосно документирање на случајот, ќе следува кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.215 и 396 од КЗ, информираа од МВР.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Реклама