Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Приведен e струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви

Приведен струмичкиот бизнисмен близок до Заеви, Крмзов Преку координирана акција на Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приведен струмичкиот бизнисмен близок до Заеви, Крмзов

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи и под раководство на Јавен Обвинител кој постапува со интегритет и решителност, се иницира процесот на демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура

Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, бизнисменот кој долги години профитираше како резултата на блиските врски со политички и еконмски центри на моќ, кој конечно е принуден да одговара пред Законот. Човекот за кој јавна тајна беше дека со години пливаше во сенките на системот, штитен од политичко-бизнис елитата и кој се препознава како симбол на една епоха на институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување.

Реклама

Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Опфатени во пријавата се 15 правни лица и 23 физички,

И токму тука започнува да се поставува клучното прашање:

Дали конечно се отвора пандорината кутија на струмичката бизнис-политичко-криминална елита?

Градежната експанзија на некогаш државниот, а денес приватизиран и разграбан имот, сомнителните одобренија за градби, нејасните кредити од домашни и странски банки, префрлањето имот на блиски фирми и роднини, поврзаноста со фирмите и капиталот на поранешни градоначалници и премиери – ја разоткриваат длабоката мрежа на интереси. Полека, но сигурно, паѓа маската и се поставува прашањето: кој е вистинскиот покровител и организатор на оваа мрежа на криминал?