Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Приведен 18-годишник од тетовско, по меѓусебна расправија најпрво физички нападнал соселанец, а потоа го удрил со автомобил

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 18-годишник, од село Јажинце,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 18-годишник, од село Јажинце, кој по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото најпрво физички нападнал друг соселанец, а потоа додека се движел пеш и го удрил со автомобил.  

Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера во 23:00 часот, по што лицето Б.Б. (18) е лишено од слобода, а возилото одземено и против него ќе следува соодветна пријава. 

– На 13.04.2026 во 23:00 часот во с. Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(18) од с. Јажинце. По претходна пријава од М.С.(22) од с. Јажинце, дека во селото пред угостителски објект, поради претходно меѓусебна расправија Б.Б. физички го нападнал, а потоа додека М.С. пеш се движел бил удрен од патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки управувано од пријавениот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.