Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите

Повторно хаос со градскиот превоз. Приватните превозници ги паркираа автобусите во гаражите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно хаос со градскиот превоз. Приватните превозници ги паркираа автобусите во гаражите, поради неисплатениот долг што ЈСП го има кон нив. Приватниците велат дека немаат добиено пари од месец декември, и дека долгот веќе надминал над 150 милиони денари. Од градот Скопје имаат префрлено дел од средствата, на јавното претпријатие но тие пари не стигнале до нив, вели Јовица Зафировски.

„Имаме информација дека градот Скопје има уплатено 40 милиони денари за нас приватните превозници минатата недела, но ЈСП се уште не ни ги уплаќа средствата. Ние ги чекаме тие пари, нека ни ги уплатат и веднаш ние ќе ги вклучиме автобусите за да не чекаат граѓаните на овие пеколни температури“, изјави Јовица Зафировски од „Јофи Бус“.

Првитнициите велат дека повеќе не можат да издржат и дека немаат за нафта. Тие бараат исплата на дел од средствата за да можат колку толку да скрпат крај со крај. Велат немаат повеќе како да ги полнат резервоарите со нафта и тековно да ги одржуваат.

Реклама

„Ние со тие средства за одредено време ќе можеме да возиме, сега нека ни ги пуштат парите, сега ќе ги пуштиме автобусите“, вели Јовица Зафировски од „Јофи Бус“.

Од ЈСП молк. Засега не одговараат зошто не им се префрлени парите на приватните превозници. И додека надлежните молчат, граѓаните се оставени сами на себе да чекаат на пеколни температури автобус со часови. Веќе неколку дена не возат околу 200 приватни автобуси откако им заврши двегодишниот договор со Град Скопје.