Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Притвор за 46-годишен скопјанец за измама со лажна сообраќајка во странство

Скопјанец е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за измама,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјанец е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за измама, откако лажно се претставил како инспектор и измамил жена од Прилеп за значителна сума пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– ОВР – Прилеп поднесе кривична пријава против М.А., 46-годишник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место, појаснија од МВР.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР – Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. бил лишен од слобода. Од надлежен судија му бил одреден притвор.