Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Притвор од осум дена за таткото што ги претепа двете деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Син му го исклучиле од игра, па тој на фудбалското игралиште претепал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Син му го исклучиле од игра, па тој на фудбалското игралиште претепал двајца малолетници. Судија на претходна постапка му изрече осумдневен притвор на 43 годишниот маж кој вчера на фудбалски терен во Штип, претепа играчи на штипска Брегалница. Осомничениот, ќе се спроведе во затворот во Куманово , по што по скратена постапка ќе следи и судењето. Основното јавно обвинителство, побара мерка притвор за насилникот имајќи ги во предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред и мир, опасноста од бегање на осомничениот и можност за повторување на делото. Тој се терети за кривично дело-насилстo.

„Осомничниот извршил грубо насилство за време на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на двете деца родени 2010, играчи на тимот Брегалница, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв„ се вели во соопштението од ОЈО.

Во меѓувреме заседаваше и дисциплинска комисија при ФФМ. На фудбалерот чии родител насилнички се однесуваше на спортскиот терен, му е изречена најстрога санкција, исклучување од фудбалската федерација. Истовремено на уште двајца фудбалери на Шкупи, кои извршиле физички напад им е изречена забрана за играње во рок од три месеци. Забрана за игра на четири натпревари има и фудбалер на Брегалница.

Реклама

Дисциплинска постапка ќе се поведе и против координаторот на млади категории на ФК Шкупи, како и против двата клуба. Шкупи, поради физичкиот напад, а Брегалница, поради слабата организација и пропусти во обезбедувањето.
Од инцидентот се огради и ФК„Шкупи„.

Директорот на клубот, Флорим Муча, повика ваквата ситуација да се надмине, бидејќи фудбалот не е и не смее да биде арена за физички натпревари, туку поле каде се судруваат талентот, тактиката и спортскиот менталитет.

„Како клуб со традиција и долга историја во нашата земја, ФК Шкупи апелира оваа ситуација да се надмине и вакви инциденти да не се повторуваат во иднина. Духот на фер-плејот и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над се„ изјави Флорим Муча, директор на ФК Шкупи.

Според обвинението настанот се случил во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за Шкупи. Незадоволен од одлуката најпрвин синот со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница.

Тогаш на терен влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и дрги лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот. Кај едното дете е констатирано скршеници на носот, а кај другото повреди на ногата. По укажаната лекарска помош во штипската Клиничка болница, младите фудбалери се пуштени на домашно лекување.