Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел 

Во Скопје пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел преку Египет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел преку Египет. Патниците на Скопскиот аеродром ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој нагласи дека процесот бил сложен и барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва.

-Пристигна првата група наши сограѓани од Израел, кои беа евакуирани преку Египет. Таму беше целосно организиран превоз за нив од страна на Амбасадата. Во Израел остануваат уште седуммина граѓани кои во моментов не се расположени за евакуација, односно чекаат да се ослободи воздушниот простор и евентуално да се вратат подоцна со приватен лет преку приватна компанија – изјави Димитровски.

Нагласи дека се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации.

Реклама

-Наредните денови тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад, Саудиска Арабија – посочи тој.

Димитровски сподели дека евакуираните граѓани изразиле голема благодарност за можноста да се вратат дома.

-Граѓаните кои пристигнаа вечерва велат дека секојдневно морале да одат во засолништа кога се огласувале сирени. Иако за израелските граѓани тоа е дел од секојдневието, за нашите било необично и тешко искуство. Некои биле затекнати во Израел токму кога сакале да се вратат, но аеродромите биле затворени. Тие изразија голема благодарност за комуникацијата со нашата амбасада и за тоа што им било овозможено безбедно да се вратат дома, посочи тој.

Дел од патниците биле двјаца ракометари со родителите. 

Според него, во земјите од Заливот моментално има околу 600 македонски државјани, најмногу во Абу Даби и Дубаи, околу 140 во Катар, а помал број во Бахреин и Кувајт.