Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Прилепските пожарникари се подготвени за летната сезона и очекуваат зајакнување на човечките и потенцијалите во опрема

Со показна вежба спасување при сообраќајна незгода и со изложување на дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со показна вежба спасување при сообраќајна незгода и со изложување на дел од опремата на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Центарот на Прилеп, прилепската противпожарна единица го одбележа денот на пожарникарите, 20 мај. 

Бројот на пожари, посебно на отворено, во споредба со лани, е на истото ниво, а единицата настојува опремено и подготвено да ја пречека летната сезона кога опасноста од пожари е најголема.

-Од почетокот на годинава се околу 350 пожари вкупно. Ситуацијата е на минатогодишното ниво. Моменталната опременост е онаа што ја имаме последните неколку години.  Овој период се врши превентивно, тековно, одржување на возилата, да бидат колку што може во подобра кондиција кога би настапиле тие пожари на отворено. Како територијална противпожарна единица покриваме голема површина, прилепска општина со Мариово и соседната, долненска општина. Возилата се во добра кондиција, иако не се нови, рече Виктор Стојчески, заменик командир на ТППЕ од Прилеп.

Реклама

Што се однесува до кадровската екипираност, недостасуваат 15-тина пожарникари. Според законските прописи мора да има еден пожарникар на 1 500 жители.

-Во моментов имаме 34 вработени пожарникари, а 10-тина се ангажирани на одредено време. Според законските обврски, треба да бидеме 60-тина пожарникари за реално да ја „покриеме“ големата територија. Се надеваме дека ќе може наскоро да сметатаме и на нова опрема и на нови пожарникари, вели Стојчески за кого најголемото добро во професијата кога се спасува човечки живот и материјалните добра. 

Прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски посочи дека со барања се обратиле до соодветните министерства.

-До министерствата упативме барање за дополнително ангажирање пожарникари и се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет. Во однос на техничката опременост, од териоторијалната единица побаравме да изработат список на возила кои со минимални средства може да се коригираат. А оваа ситуација беше и на дневен ред деновиве и на седницата на ЗЕЛС. Сметам дека Македонија се движи во таа насока, поддржана од институциите, рече Проданоски.