Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Прилеп се подготвува за традиционалниот фестивал на пивото, годинава од 9 до 11 август

Фестивалот со дведецениска традиција, кој Прилеп и Македонија ги етаблираше високо на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот со дведецениска традиција, кој Прилеп и Македонија ги етаблираше високо на балканската туристичка мапа, по ланското ребрендирање од „Пивофест“ во „Prilep Beer Weekend“, годинава ќе се одржи од 9 до 11 август. Организацијата на оваа популарна фешта на пивото и скарата која своите срамежливи почетоци ги имаше во далечната 2002 година, со само двегодишен прекин заради пандемијата, и годинава му е доверена на минатогодишниот организатор, Продукцијата „Евент гроуп“ од Скопје. Отстапувањата од вообичаениот датум на одржување на Фестивалот, а кој со години беше првиот викенд после „Петровден“, според градоначалникот на Прилеп, не би требало негативно да се одрази на очекуваната посетеност.

Да, традицијата за одржување на Фестивалот на пивото, продолжува. И се разбира одбирањето на датум односно на викенд е во контекст на тоа дали постојат пред тоа или после тоа верски празници, односно со постот, а воедно и организаторот сам понудува кој датум би го одбрал, така што стриктно да се придржуваме традиционално на ист датум или ист месец, не мора да постои. Мислам и се надевам дека континуираниот прилив на гости, наши иселеници, корисници на годишни одмори, е во целиот летен период, така што нема да се одрази за славење на само еден настан“, – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   Што се однесува до локацијата, таа останува истата, односно во центарот од градот на плоштадите „Александрија“ и „Методија Андонов – Ченто“. Површината предвидена за поставување на штандовите изнесува 3.811 метри квадратни, ќе бидат обезбедени и повеќе паркинзи, а работното време на Чаршијата и угостителските објекти во трите фестивалски дена ќе биде продолжено за два часа. Организаторите пак, најавуваат богата и ексклузивна музичка програма, која наскоро ќе бидела и објавена. Општина Прилеп за годинашниот „Prilep Beer Weekend“, исто како и лани, одвои еден милион денари од Програмата за култура и очекуваат дека престојниот Фестивал ќе биде дополнителна и многу важна финансиска инјекција за целата Oпштина. Ветуваат успешно фестивалско издание, согласно очекувањата и на посетителите, но и на учесниците: музичарите, пиварниците, угостителите, како и воопшто на Чаршијата, како во поглед на безбедноста, така и на хигиената, паркирањето и сместувањето.

Реклама