Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Прилеп ја доби новата мала жителка Стефани по неполни шест часа од новата 2025 година

   Плодна и бериќетна година за Прилеп. По неполни шест часа од Новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Плодна и бериќетна година за Прилеп. По неполни шест часа од Новата година, рано утрово, со царски рез, во прилепската болница се роди малата Стефани, која е и првиот нов жител на Прилеп, но и прва рожба на младата 22-годишна мајка Ангела Јанеска.

   „Чувството е прекрасно. Се’ уште сум млада, збунета, но ќе се навикнеме. Нашата порака до сите мајки е да бидат пресреќни, бидејќи ова е незаменливо нешто, најубава чувство на светот“, – кажа младата мајка Ангела Јанеска.

  „Првото бебе во новата 2025 година се рпди во 5.47 часот, по оперативен пат, значи со царски рез. Се породи живо женско дете 3.310 грама, со добар АБГАР-скор. И мајката, и бебето се со добра општа состојба“, – изјави д-р Гоце Оропан, гинеколог-акушер.

Реклама

  Традициинално, првороденото бебе го посети и градоначалникот, кој освен што им посака добро здравје на мајката и ќеркичката, им подари и пригодни подараци.

  „Нашата Локална самоуправа, заедно со Советот и’ доделивме на мајката штетдна книшка и прикладен подарок за еден нормален почеток во одгледувањето и растењето на малата Стефани“, – посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  Инаку, новогодишната ноќ, во Прилеп главо поминала мирно, во која здравствените работници, за среќа, немале зголемен обем на работа.

  „Во прилепската болница немало некои позабележителни интервенции, нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и немаме пациенти во тешка алкохолизирана состојба“, – вели д-р Кире Јоноски, директор на ЈЗУ Општа болница – Прилеп.

 Што се однесува пак, на бројот на породувуња во прилепската болница, споредено со претходната година, годинава тој бил во благ пораст со 455 породувања. Од болницата се велат дека тоа е добар знак и очекуваат дека тој број во иднина ќе расте уште позабрзано.

Каролина Дурло