Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Пријавувањето за HalkEco Skopje Run 10К завршува на 29 април

Последниот рок за пријавување на традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последниот рок за пријавување на традиционалната атлетска трка HalkEco Skopje Run 10K 2026 е 29 април 2026 година (среда) или до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите упатуваат финален повик до сите љубители на трчањето и активниот начин на живот да го обезбедат своето место на една од најмасовните градски трки во Скопје.

Настанот под мотото „Скопје трча, Скопје расте“ ќе се одржи на 10 мај со почеток во 9 часот на булевар Илинден (во близина на фонтаната „Лотус“). Стартот и целта на трката ќе бидат на истата локација, а трасата ќе се одвива по булевар Илинден и дел од булевар Партизански Одреди.

Пријавувањето за трката може да се изврши онлајн, преку официјалната веб-страница на трката. Со оглед на ограничениот капацитет, организаторите апелираат заинтересираните да не го одложуваат своето пријавување.

Реклама

Организатор на HalkEco Skopje Run 10K е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетските клубови Скопски Маратон и Работнички. Насловен спонзор е Халк Банка, додека покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, заедно со бројни партнери и спонзори кои ја поддржуваат реализацијата на настанот.