Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Презентација на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со институтот Гете  и Амбасадата на Сојузна Република Германија денеска ќе го презентираат француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визија за иднината“.

Настанот ќе го отворат Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија.

На отворањето збор ќе земат Катарина Оствалд-Рихтер, директорка на Гете-институтот и Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје.

Реклама

-На отворањето на овој проект, заснован на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, ќе биде претставен проектот кој има за цел стимулирање на креативноста кај младите, промовирање на историското наследство на Скопската чаршија и предлог креативни решенија за сочувавање на културното наследство во иднината, велат организаторите. 

Оттаму додаваат дека на отворањето, коешто воедно е и прв работен ден, учество ќе земат аниматорите и учесниците на секоја работилнница, а секој ментор ќе ги престави  активностите кои следуваат во текот на наредните денови.

Предвидени се и видео работилници, работилници за фотографија, работилници по историја, работилници по книжевност и работилници со по архитектура, а учество земаат студенти од различни факултети во Скопје.

-Аниматори на работилниците се реномирани артисти, режисери и професори меѓу кои: Леонор Мерсие (Франција), режисерка и аниматорка на видео работилницата, писателката Аријан Жус (Франција), која ќе ја води книжевната работилница, фотографот Хајнрих Холтгрев (Германија), аниматор на фото работилницата, како и г-ѓа Даниела Николова, историчар, советничка и кустос, во менторка на историската работилница, и проф. д-р Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет во Скопје и аниматорка на архитектонската работилница, информираат организаторите.

Проектот се затвора в сабота, 4 октомври 2025, во 20:00 часот во Сули ан, како дел од програмата на Бела ноќ, во форма на мултимедијален спектакл и презентација на разултатите од страна на учесниците.