Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Презентација на посебните извештаи за финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори 2025 и Повторните избори 2026

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Меѓународната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организира настан за презентација на посебните извештаи за утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи за Локалните избори во 2025 година и Повторните избори во 2026 година.

На отворањето на настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и директорката на Меѓународна фондација за изборни системи во земјава, Јоана Косма. 

По презентацијата на клучните наоди од посебните извештаи, утврдените состојби во финансирањето на изборните кампањи, како и системските слабости и предизвици поврзани со финансиското известување, транспарентноста на податоците и ефикасноста на механизмите за следење и надзор, како што е најавено, ќе следува и дебата.

Реклама

Настанот има за цел да придонесе кон поширока јавна и стручна дебата за значењето на транспарентното и отчетно финансирање на изборните кампањи, како важен предуслов за зајакнување на довербата во изборниот процес, политичкиот интегритет и демократската отчетност.