Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претставниците на УНЕСКО ќе одат и долж трасата на автопатот Охрид–Кичево

На крајот на месец мај или најдоцна до средина на јуни, реактивната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На крајот на месец мај или најдоцна до средина на јуни, реактивната мисија на УНЕСКО ќе дојде во Охрид. Вицепремиерот Николоски истакна дека покрај другите локации на кои што ќе направат увид, согласно забелешките кои ги имаа, претставниците на УНЕСКО ќе одат и долж трасата на автопатот Охрид–Кичево.

УНЕСКО ја спори изградбата на трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“, за која се бара решение.

Инаку, вчера се пушти во употреба најголемата клучка на автопатот Охрид–Кичево кај Требеништа, инвестиција вредна десетици милиони евра, која ќе претставува стратешка сообраќајна точка и почеток на идниот автопат кон Ќафасан.

Реклама

И покрај бројните предизвици, ова е уште една потврда дека ние сакаме да го градиме тој автопат доколку дозволи УНЕСКО, инаку не би ја граделе клучката, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Николоски.

Новата клучка нема да значи само побрз проток на сообраќајот, туку и сериозна инвестиција во идниот развој на регионот.