Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претставници на Венецијанската комисија се во Скопје за Законот за правична и соодветна застапеност

На покана на Владата, Венецијанската комисија во моментов е во Скопје во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Владата, Венецијанската комисија во моментов е во Скопје во подготовка на своето мислење за Законот за правична и соодветна застапеност. Нивната посета се реализира на барање на Владата од 11 јули годинава за давање мислење, рече на прес-конференција вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи. 

Тој информира дека денеска владиниот тим одржал плодна дискусија со делегацијата на Венецијанската комисија за нацрт-законот. Дискусијата се одржала во Владата. 

– Овој нацрт-закон е доставен на мислење до оваа комисија од една суштинска причина – да биде целосно усогласен со Уставот и европските стандарди, елиминирајќи секаков простор за толкување или спорови во иднина. Упативме четири прашања до оваа комисија за мислење. 1. Дали овој закон го унапредува уставниот принцип на правична и соодветна застапеност, земајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот. 2. Дали нацрт-законот промовира еднаквост преку позитивна акција и со елиминирање на бариерите за вработување. 3. Дали предлог-законот е во согласност со другите уставни принципи, како основање, слобода и права, слободното изразување на етничка припадност, владењето на правото и заштита на приватноста на сите граѓани и 4. Дали владиното координативно тело формирано со овој закон е ефикасен механизам за обезбедување, почитување, афирмација, подобрување, унапредување и следење на принципот на правична и соодветна застапеност, рече Феати. 

Реклама

Ние веруваме дека проценката на Венецијанската комисија за овие четири прашања, како што рече, ќе биде гаранција за силен и одржлив закон, како во правно-уставниот така и во институционалниот аспект. 

-Со овој закон правичната застапеност првпат станува јасна и законска обврска за секоја институција и на локално ниво. Дополнително, за шест месеци ќе се прави и усогласување на сите домашни закони кои директно или индиректно го засегаат прашањето на соодветна застапеност. По добивањето на мислењето од Комисијата, законот наскоро ќе стигне во Собранието и ќе влезе во парламентарна постапка и се надевам дека ќе добие широка поддршка што заслужува еден ваков сеопфатен проект, нагласи  Фетаи. 

Тој информира дека овој закон е задоцнет и требало да биде одобрен од 2003 година.

– Усвојувањето на овој закон ќе исправи уште една неправда наследена од режимот на ДУИ. Овој закон не е за една заедница, туку закон за сите граѓани и за сите заедници. Тој претставува европска визија каде еднаквоста и правдата не остануваат теоретски поими, туку се трансформираат во функционални стандарди што го гарантираат интегритетот на државата и довербата на граѓаните во институциите. Со овој закон отвораме ново поглавје за нашата држава. Правична застапеност повеќе не е декларативен поим туку право гарантирано со закон, заштитено со стабилни институционални механизми, истакна Фетаи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Фетаи рече дека мислењето од Комисијата се очекува да го добијат на почеток на декември.