Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претставници на Министерството за јавна администрација на меѓународен состанок на DISPA во Будва

Претставници на Министерството за јавна администрација на Македонија учествуваат на меѓународниот состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Министерството за јавна администрација на Македонија учествуваат на меѓународниот состанок на Директори на институти и школи за јавна администрација (DISPA), што се одржува во Будва, Црна Гора.

На настанот, кој се одвива под мотото „Иднината на јавната администрација: Лидерство во криза и постигнување резултати“, земаат учество шефот на Кабинетот на министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, и раководителот на Секторот за обуки, Агрон Меџити.

Состанокот, соопштија од МЈА, организиран од Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) во соработка со Европската школа за администрација и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Црна Гора, има за цел да поттикне размена на добри практики, стратегии и иновативни пристапи за унапредување на капацитетите на јавните службеници, особено во услови на криза и неизвесност.

Реклама

-Јавната администрација мора да се движи во чекор со времето, тоа значи не само технолошка трансформација, туку и суштинска инвестиција во луѓето. Само преку континуирана обука, поддршка и создавање простор за иновации, можеме да создадеме администрација што ќе одговара на потребите на граѓаните, истакна Рисова Мутлулар во своето обраќање.

Настанот ги обедини претставниците од земјите на ЕУ и регионот, со цел градење партнерства и идентификување заеднички приоритети за подобрување на јавните услуги.

Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање ефикасна, транспарентна и професионална јавна служба преку регионална соработка, модернизација на системите за обука и развој на човечкиот капитал.