Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Претставници на Македонците учествуваа на средба во Кукс посветена на  самоидентификацијата на националните малцинства

Претседателката на македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија” Елена Симонофски и Марјана Костофски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија” Елена Симонофски и Марјана Костофски, претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, учествуваа на тркалезната маса посветена на формуларот за само-идентификација на националните малцинства.

Настанот се одржа во северниот албански град Кукс, во организација од Министерството за внатрешни работи, во соработка со Комитетот за национални малцинства а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Албанија и Советот на Европа.

  • За време на средбата се дискутираше за значењето на слободната и точна само-идентификација на граѓаните кои припаѓаат на националните малцинства, како важен елемент за гарантирање на нивните права и за креирање по инклузивни јавни политики, информираше Симонофски.

Средбата, додава, претставуваше вреден простор за дијалог помеѓу претставници на институции, организации и заедници, нагласувајќи ја потребата од поголема информираност и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на овој процес.

Реклама

Со цел целосно запознавање на невладите организации и со тоа и на припадниците на малцинствата, вакви средби се планирани и во други окрузи, меѓу нив и во Корча каде територијално припаѓа Општина Пустец, населена со Македонци, кои во голем број ги има и во други делови но и во градот Корча.