Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Претставници на кабинетот на министерот Салиу на Шестиот министерски состанок за интеграција на Ромите

Членовите на кабинетот на министерот задолжен за спроведување на Стратегијата за инклузија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на кабинетот на министерот задолжен за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 Шабан Салиу, Ајдоган Демири и Љубица Томиќ, учествуваа на Шестиот министерски состанок за интеграција на Ромите, одржан во Тирана, Албанија, посветен на партнерствата од Западен Балкан и на спроведувањето на обврските од „Познанската декларација“ во рамки на процесот на проширување на Европската унија.

Настанот, како што се вели во соопштението од Кабинетот на Салиу, овозможи продлабочена размена на искуства меѓу земјите од регионот, со цел усогласување на националните политики со европските стандарди.

-Претставниците на Кабинетот на министерот Салиу ги претставија тековните институционални напори за спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, со фокус на унапредување на координацијата меѓу институциите, подобрување на системите за прибирање и следење на податоци согласно ЕУ-практиките и насочување на буџетските и донаторските ресурси кон подобрување на пристапот на ромската заедница до образование, вработување, здравствени услуги, домување и еднаков третман без дискриминација, се истакнува во соопштението. 

Реклама

Во рамки на работните сесии биле отворени разговори за зајакнување на партнерствата со меѓународните организации и локалните заедници, со цел обезбедување транспарентност и отчетност во имплементацијата.