Реклама

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Македонија

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

– Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ ќе бидат дел од годишната конференција на МАСИТ, која ќе ги отвори клучните прашања за примената на вештачката интелигенција во бизнисот, економијата и јавниот сектор.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 18 ноември 2026 година, во Скопје, ја организира својата годишна конференција посветена на новата генерација вештачка интелигенција и нејзината практична примена во деловното работење под мотото „Agentic AI – Turning AI into Real Business Value“.

Гостинка на конференцијата ќе биде Патриција Сокалска-Помахо (Patrycja Sokalska-Pomacho), директорка за развој на бизнисот за Централна и Источна Европа во НВИДИА (NVIDIA), една од водечките светски компании во развојот на технологии и инфраструктура за вештачка интелигенција.

Реклама

На конференцијата свое обраќање ќе има и Маријан Кориенек (Marian Korienek), директор за корпоративен бизнис за Централна и Источна Европа и Централна Азија во Lenovo Infrastructure Solutions Group, како и Берат Ќамили (Berat Kjamili), Codex Ambassador во OpenAI, кој ќе зборува за преминот од агентска вештачка интелигенција кон поширока примена на овие технологии во економскиот и општествениот развој.

Во фокусот на конференцијата е концептот на агентска вештачка интелигенција (Agentic AI) – нова фаза во развојот на технологијата, во која интелигентните системи можат самостојно да извршуваат сложени задачи, да планираат активности и да учествуваат во деловните процеси. Целта е да се отвори дискусија за конкретните можности што овие технологии ги нудат за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и иновативноста на компаниите.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, а во програмата е предвидено и обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, чие учество е во фаза на потврдување.

Една од централните дискусии ќе биде посветена на Националната фабрика за вештачка интелигенција и нејзиното значење за бизнисот. На оваа тема ќе разговараат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Петре Ламески, со модерација на Филип Петровски, заменик-претседател на Управниот одбор на МАСИТ.

Во рамките на конференцијата ќе се одржат повеќе тематски панели и експертски разговори посветени на следната генерација бизнис-модели, односот меѓу човекот и технологијата, развојот на интелигентните услуги и дигиталната трансформација на компаниите.

Меѓу другото се најавува дека како дел од практичниот сегмент на конференцијата, предвидено е официјално отворање на клиники за вештачка интелигенција, како и работилница посветена на влијанието на технолошката трансформација врз лидерството и организациските промени.

Со годишната конференција, МАСИТ има за цел да поттикне размена на знаења и искуства меѓу домашните компании, институциите и меѓународните технолошки експерти, со посебен акцент на претворањето на потенцијалот на вештачката интелигенција во конкретна економска и деловна вредност.