Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Претседателската дебата во САД ја следеле 57,5 ​​милиони тв-гледачи

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседател Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседател Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлекла 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, според прелиминарните податоци на Nilsen објавени во средата.

Телевизиското соочување коешто што се одржа во вторникот вечерта по локално вмее беше прва средба лице в лице на кандидатите за претседателските избори кои ќе се одржат на 5 ноември.

Привлече повеќе гледачи отколку дебатата на Трамп со веќе поранешниот кандидат и актуелен претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе. По лошиот настап на таа дебата, Бајден под притисок од неговите сопартијци се повлече од изборната трка и ја поддржа номинацијата на Харис.

Реклама

Бројките за гледаност на Nilsen не ги вклучуваат гледачите кои ја следеле дебатата онлајн и во баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи овие податоци ќе бидат објавени подоцна.

Претседателската дебата во 2016 година имаше рекордна гледаност, кога 84 милиони луѓе го следеа соочувањето меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој подоцна изненадувачки победи на ноемвриските избори.