Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Претседателот Пендаровски на своја одговорност воведе уште 30 дена вонредна состојба

Македонија и во наредните 30 дена ќе живее во вонредна состојба. Шефот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и во наредните 30 дена ќе живее во вонредна состојба. Шефот на државата на своја одговорност поради уставните празнини донесе ваква одлука во услови кога собранието е распуштено и не може да го потврди продолжувањето. Здравјето на граѓаните според Пендаровски е поважно од правните топлкувања. Тој ги повика сите политички фактори да се изјаснат за новонастанатата ситуација. Пендаровски смета дека Собранието може да се свика, но тоа се нема случено. Пендаровски се реши на денешниот чекор, кој правно не е продолжување на предходната одлука, туку ја укина вонредната состојба и веднаш прогласи нова во траење од 30 дена. Македонскиот Устав предвидува дека вонредната состојба може да трае најмногу 30 дена.

– Уставот има празнина, но не можеме да се криеме позади флоскули и правни празнини во ваква ситуација кога поради пандемијата со коронавирус, ни се загрозени здравјето и животот на сите. Пратениците земаат плата и никој од нив нема побарано апанажа. А и да побараат, нема да добијат, зашто мандатот не им е завршен. Може претседателот на државата да побара да се свика Собранието, може Владата, а третиот начин е на предлог на 20 пратеници – изјави претстедателот на Македонија Стево Пендаровски.

Правото на верниците не смее да биде над останатите граѓани. И верниците од една религија не смее да бидат привилегирани во однос на останатите смета претседателот околу отворените верски храмови за Велигден. Побара од владата по празниците да се изготви стратегија за постепено или фазно намалување на рестриктивните мерки и полицискиот час да се применува во разумен рок.

Реклама

– И црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите. Највлијателните верски лидери, како папата, сега се однесуваат поинаку, сами држат миси во верските храмови, а нивниот пример треба да го следат и раководствата на МПЦ и ИВЗ – додава Пендаровски.

Кaко врховен командант појасни дека армијата во Прилеп била помош на полицијата. Тој смета дека сите банки и стопански субјекти ќе треба да организираат редарска служба.

Градимир Марковски