Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Претседателката задоволна од сите кандидати: Сиљановска-Давкова утре ќе го соопшти својот предлог за гувернер

Претседателката Гордана Силљановска-Давкова утре ќе го објави својот предлог за нов гувернер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Силљановска-Давкова утре ќе го објави својот предлог за нов гувернер на Народната Банка. Вели дека веќе го знаела името, но немало да го соопшти пред медиумите. Упати пофалби до сите кандидати, биле докажани професионалци професионалци, кои сигурно ќе бидат успешни во својата работа.  Според неа многу е важно и кој ќе биде на позицијата заменик гувернер, бидејќи тој мора секојдневно да соработува со првиот човек на Народната банка.

-Јас мислам дека ако ги оценуваме кандидатите, тие со кои што јас разговарав, веќе ги чувте имињата, низ призма на експертско знаење дека немам проблем. Ние сме имале среќа во оваа држава и одлично сме се однесувале кон оваа функција, одете наназад да видите дека сме имале добри гувернери, тоа го кажуваат и странските евалуатори, изјави Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова во текот на викендов имаше детални интервјуа со сите тројца кандидати за позицијата гувернер, а како најсериозни се вбројуваат актуелната Анита Ангеловска – Бежоска, екс министрите за финансии Зоран Ставревски и Трајко Славески. Вели дека и се допаѓал ваквиот начин на избор, бидејќи можела од секого да слушне какви планови има за своето работење.

Реклама

-Да седнете со сите луѓе кои се споменуваат и да разговарате, да ги прашате секој што мисли за другиот или што мисли тој дека може да направи, а што не било направено или што е тоа што мисли дека кај другиот не е во ред, уште повеќе би сакала јас да има кандидати, но тоа можно секогаш, се разбира дека во оваа област е потребна соработка, изјави Сиљановска-Давкова.

Инаку, гувернерот е чувар на монетарната стабилност. Тој има има основна задача да ја претставува Централната банка, да ги одржува на стабилно ниво курсот на денарот и девизните резерви,  да одлучува за издавање и одземање дозволи на финансиски институции, да креира мерки за стабилизација на инфлацијата.

Се уште актуелната гувернерка на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска пред новинарите не сакаше да ја коментира можноста за реизбор на уште 7 години на што законски има право. Само напомена дека Законот за Народна банка дава можност таа да продолжи да ја извршува функцијата се до изборот на нов гувернер.

Матеја Петровски