Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за двојазични лиценци во градинките

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, за прв пат стави вето и одби…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, за прв пат стави вето и одби да го потпише указот за измените на Законот за заштита на деца, кои предвидуваат воведување на двојазични лиценци за работа во градинките.

Во своето образложение до Собранието, Сиљановска-Давкова истакна дека спорните одредби од членовите 9 и 10 на законот треба да се преиспитаат во согласност со амандманот 5 од Уставот и актуелната регулатива за употреба на јазиците.

Сиљановска-Давкова ги наведува следниве прашања како проблематични:
-Лиценците за работа се предвидува да се издаваат на македонски и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански).
-Првиот дел од испитот за добивање лиценца треба да се полага електронски, а не во хартиена форма, и тоа на двата јазика.
Претседателката потсетува дека јазичната употреба е веќе регулирана со закон, повикувајќи Собранието да обезбеди јасни, прецизни и недвосмислени решенија кои нема да бидат во спротивност со Уставот.
Одлуката на Сиљановска-Давкова беше поздравена од СДСМ, кои побараа Владата целосно да се откаже од спорните измени на законот. Тие истакнаа дека спорните одредби кршат унитарноста на државата и се засновани врз неуставен Закон за двојазичност.
Од Владата најавија дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен и повторно предложен во согласност со законодавните процедури.