Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, во Загреб, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Според најавата од Кабинетот на македонската претседателка, таа ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.

Реклама

Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб и ќе оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

Во рамките на официјалната посета, в среда претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.