Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи

– Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.

Како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката ќе биде главна говорничка на сесијата посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.

– Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики. Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на Самитот. Централна тема на настанот е „Обликување влади на иднината“ – се вели во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова. 

Реклама

Светскиот самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовираат глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето во светот.

На годинешното издание на Самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и речиси 6.000 учесници.

За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.