Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Претседателката не го погази ветеното, но и не го прекрши Преспанскиот договор

Користењето на старото име на земјава не е ништо ново. Претседателката која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Користењето на старото име на земјава не е ништо ново. Претседателката која како пратеничка во Собранието не ја користеше кованицата „Северна“, само ја продолжи традицијата. Ист е случајот и со сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ -технички министри, пратеници, градоначалници.

Познавачите се децидни – не може Преспанскиот договор да се прекрши ако официјални лица усно кажале „Македонија“ бидеќи одредбите од овој документ се веќе имплементирани, сите документи се со новото уставно име, променети се имиња на институции, знаменитости, улици.

Договорот од Нивици никого не обврзува да го изговара новото официјално име на Македонија наместо историското. Дури и сред Атина македонски фунцкионер да каже „Македонија“ тоа не може да предизвика реални последици.

Реклама

Ништо ново не се случи бидејќи Македонија си е Македонија, често пати официјалните лица на САД велат „Стејтс“, наместо САД, како и Русија која вели Русија наместо Руска Федерација. И претседателката и идната Влада добро знаат кои се меѓународните обврски, не гледам ниту една најава дека немаат намера да ги почитуваат. Македонија со претходната влада не ја почитуваше Венецијанската комисија која кажуваше дека не треба двојазичност, па Заев имаше неуспешен референдум, и сепак го смени името. Реакциите се такви бидејќи сакаат да направат еден притисок на старт, да не заборавиме дека таа има огромно политичко искуство, има многу големо знаење. Ниту  Грција ниту Бугарија не ги спроведуваат меѓународни обврски, обврските спрема Македонија,  Бугарја има пресуди на Судот за човекови права кои се однесуваат на Македонците, Грција нема исполнето ни една ставка од договорот од Преспа, мислам дека вештачки се гради оваа хистерија, нема реален основ, не знаеме кој стои позади тоа. Претседателката има голем број на гласови, кредибилитет, автоиритет, стручност и немам грижа дека ќе се случи било какво загрозување на меѓународните обврски по било кој основ, вели новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Како новата претседателка ја кажа заклетвата беше чувство на самоопределување и идентификација коментира новинарот Дарко Јаневски.

Не претставува прекршување, самата кажа дека е чувство на самоопределување и идентификација и никој не може да употребува име спротивно на неговите убедувања тоа е исто како на Грците да им забраните да се нарекуваат Грци, туку Хелени. Не се издржани овие критики, меѓутоа беа очекувани реакциите од меѓународната заедница, малце зачудуваат реакциите внатре, иако се неиздржани, но веќе тоа е нормална политичка пропаганда – вели новинарот Дарко Јаневски.

Реакциите кои ја брануваат и македонската и грчката јавност веројатно се поради тоа што пет години се навикнавме досегашните функционери постојано да ја форсираат Северна и да покажуваат сервилност кон соседите.

Сепак, дури и функционерите во заминување за време на изборната кампања заборавија на додавката Северна, веројатно во обид да ќарат глас повеќе, а за тоа немаше реакции.

Поранешниот претседател Стево Пендаровски пред крајот на мандатот се освести и прашан зошто во кампањата не ја користи придавката „Северна“ рече дека тоа не е во спротивност со Преспанскиот договор.

Инаку Преспанскиот Договор прецизно ги набројува сите елементи на употреба на новото име: во државјанството, во документите, во сите меѓународни и и регионални организиации, институции и фоурми, во билатералните односи со членките на ООН, но никаде не е наведено дека устно мора да се користи придавката „Северна“.