Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пренџов: Со изградба на автопатишта и брзи железници се придвижува македонската економија

„Она што е многу важно е тоа што конечно имаме економски раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Она што е многу важно е тоа што конечно имаме економски раст во Македонија. Во седумте години владеење на СДСM и ДУИ, тие за 7 години имаат 1,1% економски раст, а сега веќе имаме со последниот квартал 3,8% економски раст, тоа значи дека ние сме за три ипол пати и подобри и побогати како држава од тоа што ни оставија. Во следниот период очекуваме да имаме и поголем економски раст затоа што знаеме, можеме, имаме кадри и капацитет којшто тоа ќе го изработат.  Имаме рекордно ниво на бруто инвестициите, каде што ние навистина имаме реален раст на градежништвото“, истакна Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов посочи дека за разлика од претходно, сега капиталните инвестиции ја придвижуваат македонската економија, со изградбата на автопатишта и брзи железници.

„За разлика од претходно, гледавме дека фалат пари од буџет а на крај немаше ништо, денес на терен се гради, на терен се работи и тоа се капитални инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија. Ние се задолжуваме за градење на автопатишта и брзи железници, тоа се капитални инвестиции коишто враќаат средства, кога вие ќе изградите брза железница и кога целата стока којашто пристигнува на атинското или солунското пристаниште ќе треба да се транспортира кон средна Европа, тогаш тој што увезува плаќа за транспорт, помеѓу тоа и се плаќа и на Македонија, бидејќи се користи таа железница и таа железница ги враќа парите“, објасни Пренџов.