Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на спортската сала Расадник“

Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата. По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата.

По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. 

– Во текот на целиот ден посетителите ќе имаат можност да уживаат во богат спортски и забавен програм, да се запознаат со врвни македонски спортисти, репрезентативци и ракометарите на РК Вардар, како и одблиску да ги видат новите капацитети на салата која во иднина ќе биде дом на бројни спортски клубови и натпревари. Во рамки на програмата ќе се реализираат: спортски фестивал и демонстрации на повеќе спортови; средба и дружење со спортски легенди и актуелни шампиони; свечена церемонија на отворање; ревијален натпревар помеѓу македонскиот шампион РК Вардар и РК Вардар Ветерани; детска и забавна зона за најмладите посетители, најави општина Кисела Вода.

Реклама

Оттаму велат дека спортската сала „Расадник“ претставува една од најзначајните спортски инвестиции во последните години и ќе биде нов центар за развој на спортот, рекреацијата и младинските спортски активности во Скопје.