Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.
Како што најавуваат од владината прес-служба, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.
